Невремето во Валандово и струмичко предизвика големи штети

Од:

Невремето што денеска ги зафати струмичко и валандовско предизвика големи штети. Во валандовско силниот ветар проследен со дожд и град искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили. Заради падното дрво на регионалниот пат Удово-Марвинци сообраќајот беше во прекин од 17:00 до 18:25 часот.

Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, општинските служби, ТППЕ и екипи на ЈП „Комунален сервис“ се на терен по големото невреме кое ја зафати Општината.

– Настанатите штети ќе можат да се пријават од утре во архивата на општина Валандово. Да бидеме внимателни, смирени и солидарни, објави Костадинов на фејсбук.

Во струмичко вечерва околу 18:00 часот ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари интервенираше на отстранување на падното дрво на патниот правец Муртино-Банско, на излезот од Банско кај Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско“.

Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните, кои се движаат со своите автомобили, на крајно внимателно управување.

-Доколу ве зафати силно невреме отстранете се од сообраќајот и паркирајте се на првото безбедно место. Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во апелот на струмичките пожарникари.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје