Невремето во Струмичко предизвика штета од над 34 милини денари

Од:

Комисијата за проценка на штетите на Општина Струмица процени дека невремето од 7 јули годинава, што ги зафати атарите на населените места Муртино, Сачево и Дабиле, предизвика штета од 34 милиони и 397.748 денари и притоа се зафатени 102,6 хектари обработливи површини, информираше денес на прес-конференција Ацо Ѓоргиев, претседател на комисијата.

Според него, поднесени се вкупно 358 барања за утврдување на проценка на штета. Од нив 244 се од населеното место Муртино, 61 од Сачево 44 од Дабиле и 9 од останатите населени места во општина Струмица.

-Најмногу штети се предизвикани на земјоделските посеви засадени со индустриска пиперка на отворено 54.8 хектари како и засадена во фолии на 7.3 хектари при што има и уништено пластеници од силниот ветер. Оштетени посеви со пченка на 13.1 хектари, пченица 14,4 хектари, како и штета на посеви со бостан, дињи, зелка на отворено, модар патлиџан, карфиол и други земјоделски култури. Штети имаше и на долгогодишни насади-сливи, круши и лозје, истакна Ѓоргиев.

Извештајот на комисијата треба да до усвои Советот на општина Струмица на наредната седница. Потоа извештајот за штетите се доставува до Републичката комисија за процена на штети, па до Министерството за финансии, односно Владата, која одлучува со колку проценти од проценетата штета ќе биде извршено обештетувањето.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост