Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Од:

Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи.

Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.

Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.

Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.

-Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави. Пријавени се и два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул. „Србија“ во Кисела Вода), три кружни токови (кај Ист гејт, општина Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, општина Кисела Вода; кај Железара, општинаГази Баба).
 Улицата „Јордан Мијалков позади Дајмонд мол е поплавена.
 
 Поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда, Чаир,
 
 Пријава за поплавен магацин на Веро во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода.
 
Паркинзи и улици низ паркинзите во населбите Кисела Вода – Расадник и населба Аеродром.


Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите