Невреме во повеќе делови од земјава

Од:

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи вчера беа зафатени охридско-преспанскиот регион, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а подоцна нестабилно беше во скопската котлина особено во источниот дел. Од нестабилност во форма на посилно невреме околу 22 часот беа зафатени Велес и Свети Николе, а потоа оваа маса се преместуваше кон кумановско-липковскиот регион и во доцните ноќни часови кон североисточниот дел од земјава. Кон раните утрински часови нестабилно беше во источните делови, а утрово локален пороен дожд со грмежи имаше околу Радовиш и Валандово.

Најмногу дожд е наврнат во Виница 29 литри на метар квадратен, Битола 20, Куманово 13, Крива Паланка 9, Скопје – Зајчев Рид 6, Скопје – Петровец 4, Претор 4 и Пожаране и Ѓуриште 1 литар на метар квадратен.

Во поголем дел од земјава времето е облачно, поведро е во крајните западни делови, а започна да дува засилен северен ветер.

Претпладне времето е променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максимална температура ќе се движи од 22 до 29 степени.

Претпладне времето е променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи до 25 степени.

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. Преодно наоблачување со слаб дожд, но со засилен северен ветер и благ пад на дневната температура ќе има во недела.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица