Невреме во Порој – без вода 400 куќи

Од:

Околу четиристотини куќи во Порој се без вода за пиење по вчерашното невреме што го зафати овој крај, информираше претседателот на месната заедница од ова тетовско село Сулејман Рамадани.

Тој посочи дека очекуваат со помош на надлежните во текот на денот да биде воспоставено водоснабдување на жителите од овој дел на Порој.

При вчерашното невреме бил однесен и импровизираниот мост во селото додека сообраќајот по регионалниот пат Тетово-Јажинце што минува под селото се одвива без проблеми.

Жителите очекуваат дека многу брзо со потребна градежна механизација ќе биде исчистено коритото на Поројска Река од надојдениот материјал – камења, земја и слично.

– Најитно треба да се исчисти коритото на реката од горниот дел до сред село бидејќи при следен посилен дожд во опасност е поголем дел од Порој, рече Рамадани.

Жителите на Порој очекуваат дека ќе се реализира и најавата од надлежните за регулирање на коритото на Поројска Река во горниот тек со изградба на каскади за да се спречи можноста од поплави и наноси на камења и земја што се повторува при секој пообилен дожд. Велат дека засега и не се знаат последиците врз земјоделското земјиште по селото, но оти дел од нивите за подолго време се оневозможени за земјоделска обработка и производство. Пред околу месец и половина наносите од земја, кал и камења при слично невреме од пороен дожд го блокираа регионалниот пат Тетово Јажинце десеттина денови, а беа зафатени и педесетина хектари земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски