Невреме во Кавадарци

Од:

Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците.

-По силното невреме проследено со силен ветер што ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, информираше Јанчев.

Тој нагласи дека се очекува до вечер сите улици да бидат проодни и функционални.

– Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол-центарот на општината на бројот 13-300, соопшти Јанчев.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје