„Невидливо насилство – Стории од редакциите“: Новинарите од регионот чувствуваат страв

Од:

Колку новинарите можат да се занимаваат со својата работа, и доколку не, зошто молчат, дали се почитуваат нивните работнички права, стравот што го чувствуваат додека ја извршуваат својата работа, се дел од прашањата на истражувањето „Невидливо насилство: Приказни од редакцијата“, што се спроведе во пет земји од регионот, а чии резултати беа промовирани денеска во Скопје.

Новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на истражувањето, рече дека дури 70 проценти од новинарите во регионот би ја смениле професијата, а главни причини за тоа се ниските плати – 42 отсто, додека на второ место е цензурата во редакцијата – 15 отсто. Посочи дека на прашањето дали се слободни јавно да зборуваат за притисоците со кои се соочуваат во редакцијата, 32 отсто одговориле дека не сакаат.

Според неа, главното прашање во истражувањето било дали новинарите можат да се занимаваат со својата работа.

– Прашањето е комплексно и има две причини, пред се има политички притисоци, притисоци во редакциите од страна на уредниците, сопствениците, а на прес-конференции од политичарите, рече новинарката Билјана Секуловска, една од авторите на публикацијата.

Според неа, второто прашање е за политичките права, односно правата на новинарите, неможноста да работат во нормални услови, неможноста да земаат достоинствена плата.

– Новинарите многу често се понижувани, обезвреднувани, малтретирани, понекогаш и сурово од самите уредници, и поради тоа крајното прашање е како новинарите можат да се извлечат од оваа ситуација, доколку пред се бидат солидарни и доколку не молчат, рече Секуловска.

Вели дека 90 проценти од новинарите во ова истражување молчеле, или инсистирале да бидат анонимни, и упати повик сите новинари да го кренат својот глас и да се борат за своите права, за слободата на медиумите и за сопствената слобода.

Жарка Радоја од порталот Контрапрес, Србија, една од авторите во истражувањето, рече дека ситуацијата во медиумите во Србија од година в година е се полоша, а за тоа, рече, најдобро говорат истражувањата на релевантни меѓународни новинарски организации, и организации за заштита на човекови права.

– Што се однесува до резултатите од истражувањето, ситуацијата во Србија е многу слична на ситуацијата во останатите четири земји. Новинарите се соочуваат со цензура, мобинг, неостварени работнички и други права, немаат доволно слобода да се занимаваат со својата работа, вели Радоја.

Таа вели оти додека го правеле истражувањето, не биле свесни за количината на страв што новинарите го имаат додека се занимаваат со својата работа и оти општествата во кои новинарите се плашат од својата работа, не можат да се наречат слободни општества.

Уна Хајдари од Косово вели дека таму проблемот е што нема новинарски синдикати кои би се бореле за правата на новинарите и оти се уште постојат етнички поделби во оваа фела.

Истражувањето е спроведено од јануари до мај годинава во пет земји од Западен Балкан – Македонија, БиХ, Србија, Косово, Црна Гора. Во истражувањето учествуваа новинари од јавни, комерцијални и непрофитни медиуми.

Проектот „Невидливо насилство: Стории од редакциите” е поддржан од ЕУ и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување“, што го реализира Хрватското новинарско здружение како дел од проектот „Регионална платформа за заговарање на слободата на медиумите и сигурност на новинарите на Западен Балкан“. Проектот е реализиран низ партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on