Швајцарскиот весник „Neue Zürcher Zeitung“ во својот напис за политичката состојба на Балканот, ја издвојува македонската ситуација нарекувајќи го премиерот Груевски „мал диктатор“.
Весникот пишува дека во фокусот на ЕУ минатата година биле Србија и Косово каде се нормализираше ситуацијата, дека сега е време економски да се нормализира Босна и Херцеговина. За меѓународните медиуми монументалниот проект „Скопје 2014“ е вид на тематски национален парк, кој повремено ги привлекува странските новинари заради обидот да си изгради историски идентитет, што стана предмет на шеги.
„Скапи подароци.
Но, Македонија е проблем, кога станува збор за овој тренд, политичкиот научник Флориан Бибер од Грац „авторитарното искушение“ на Југоисточна Европа го опишува вака: слаби држави чии институции се користат од страна на владините партии за снабдување на следните и во одржување на постојаните идеолошки кампањи. Бидејќи медиумите се зависни од владата и судството е слабо во јавниот простор каде доминира државата, опозицијата успешно се маргинализира. Овој модел се етаблира во градации од Грција до Унгарија, Србија и Романија и внатре и надвор од ЕУ. Македонија е посебно конзистента каде премиерот Никола Груевски има воспоставено авторитарна полу- демократија. Тој е шеф на владата од 2006 година и ќе продолжи да управува дури и по следните избори кон крајот на април.
Неговото владеење се темели на три столба: идеологија на закана од надвор и од внатре, хомоген поглед на историјата на националната заедница и ефикасна контрола врз институциите и медиумите. Сето ова е скапо и тоа е Ахиловата петица на системот. Тој работи само онолку колку што следниот може да се одржи материјално среќен. Во економски депримираната Македонија ќе треба многу време за решавање на проблемот.
Системот се роди на 3 април 2008 година. На самитот на НАТО во Букурешт апликација за членство на Македонија беше одбиена заради грчката закана со вето. Јасно беше дека евро-атлантската интеграција на Македонија ќе биде блокирана на долго време . Од прогласувањето на независноста на југословенската Република, Грција од 1991 се противи дека новата држава го носи името Македонија.
Грција го гледа ова како закана за нејзината територија, чија северна покраина го носи истото име. Атина се жали на „разбојништво“ врз нејзината историја, бидејќи се гледа себеси како единствен наследник на античка Македонија. Иако двете земји имаат склучено договор во 1995 година во која Македонија се откажа од било каква територија, а Атина се обврза да не се застане на патот на соседната земја во пристапување кон меѓународните организации. Но, Атина го прекрши.. Оттогаш, се’ повеќе и повеќе Македонија се лизга во една нездрава изолација.
Пред неколку години, земјата се сметаше за успешна приказна. По 2001 година, герилската сила составена од припадници на албанската заедница ја донесе Македонија до работ на граѓанска војна, потоа со Охридскиот договор беа договорени реформи – под притисок од Брисел и Вашингтон. Ова го зголеми учество на Албанците во државата, без да ја загрози нејзнината единственост. Сепак, како резултат на тоа, политичките елити на Македонците и Албанците ја делат државата и неформално и ги контролираат своите сфери. Се продлабочи поделеноста на општеството. Националниот кич Груевски, со Грција како непријател, што го негува со страст, повеќе од очигледно со проектот „Скопје 2014″.
Три пати се смени лицето на Скопје, изјави Андреј Жерновски, градоначалникот на центарот на градот, од опозицијата, во 1689 година, кога генералот Пиколомини го запалил градот, во 1963-та со фатална земјотрес и сега со проектот на Груевски. Всушност, скромниот главен плоштад, чија атракции беа отоманскиот мост на Вардар и на спротивната страна – тврдината од турско време со поглед на околните планини – стана чудно уметничко дело.
Опкружен со споменици на македонските патриоти, 25 метри над фонтаната се крева Александар Велики на коњ. Од друга страна на реката Вардар – фонтана со статуа на неговиот татко, Филип Македонски. А на третата фонтана седи неколку пати мултиплицираната бронзена Олимпија: прво, бремена со Александар, па кога бил цицалче и конечно го држи владетелот во скут. Барокни куполи, класицистички храм и триумфална капија се рамка на шумата од статуи. Пораката е јасна : Овде живеат потомци на античкиот народ. Очигледно е дека култот на Александар е утеха за понижувачките кризи и диктатите на соседите од Грција. Но можеби Груевски не е заинтересиран за рамнотежа. Атинските блокади него го поштедуваат од реформите кои се неизбежни во пристапните преговори со ЕУ.
Во новиот историски „Музеј на македонската борба за државност и независност”, наративот на спомениците продолжува. На гигантските хипер -реалистични масла на платно прикажани се битките против Турците, Србите, Бугарите и Грците. Речиси е неверојатна е застапеноста на титоистичкиор период.. Во затемнета просторија, претставена е мешавина на гулаг и соба за тортура, гладуваат како “жртви на комунизмот” на македонскиот народ и нивните лидери. Водичот Филип не спомнува дека за време на Тито земјата за прв пат доби државност и се шири национална свест. И тука е јасно дека ова не е национален музеј, туку храм на владејачката партија. Сликата на повоениот период е искривена за да се дискредитира социјалдемократскиот наследник на комунистите. Во ќор-сокак Македонија е очигледно во опасен ќор-сокак.
Постојаното напуштање на интеграцијата во ЕУ го зголемува ризикот од меѓуетнички конфликти. А со тоа се доведува во прашање дали земјата се’ уште ги исполнува критериумите за преговори за членство, дури и без грчкото вето. Што да се прави? Наместо решение за прашањето за името да се биде предуслов за почеток на преговорите, тоа треба да биде последниот услов за пристапување кон ЕУ. Оправдана е надежта дека во долгите години на преговори со Брисел ќе се засилат социјални промени и ќе омекне авторитарениот систем на Груевски“, пишува „Neue Zürcher Zeitung“.
Швајцарскиот весник во одделна сторија пишува и за медиумскиот мрак во Македонија. Го анализира известувањето на МРТВ кое го оквалификува како пристрасно во полза на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Весникот пишува и за слободата на медиумите во Македонија и за брзиот пад на земјава на листата на Репортери без граници или од 68 во 2010 на 128 три години подоцна. Нотирале и дека државата е најголем огласувач во медиумите и така ги контролира, а критики за работата на владата единствено можат да се прочитаат на неколку портали и на социјалните мрежи пишува весникот од Цирих.