Несовесни расфрлале употребени црева за наводнување „капка по капка“ во Росоманско

Од:

Не се бира кај се фрла ѓубре во Росоманско, вака реагираат росоманци, откако несовесни расфрлале употребени црева за наводнување „капка по капка” на патот кон селото Крушевица.

Трајче Јоновски, викан Цезар од Росоман, вели дека неодговорните само барале место близу асфалт, каде што најлесно се ослободиле од отпадот. Иако, како што нагласува, тоа можеле да го сторат на депонијата која и не е така далеку.

– Бидејќи често пешачам, имам регистрирано повеќе диви депонии кои треба да бидат исчистени. Но да не се застане само на чистењето, туку треба и да се санкционираат сите оние кои ја загадуваат околината. Жално е тоа што ни се случува во 21 век. Да знам кој ги истурил овие стари црева тука, со приколка би му ги истоварил во неговиот двор, категоричен е Јоновски за МИА.

Пред извесно време пишувавме и за реакциите од страна на регионалното еколошко друштво “Еко-живот”, кое изрази незадоволство од постапките на несовесните, кои расфрлаат отпад на неколку локации во Росоманско.

Новата власт на Росоман утврдила осум диви депонии во општината. Оттаму велат дека на неколку места, со години на диво се фрлал отпадот.

Градоначалникот Бранко Јанев кажа дека веќе се преземени првите чекори за решавање на проблемот. Изработени се табли со кои неодговорните се предупредуваат, да не ја нарушуваат екологијата. Намерата е дивите депонии да не растат и понатаму, а се очекува обезбедување на посоодветен камион, со кој ќе се отстрани отпадот оставен во изминатиот период.

– Во меѓувреме, ќе работиме и на подигнување на јавната свест, со цел и превентивно да се влијае врз надминувањето на состојбата со дивите депонии, додава градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата

А1он

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

А1он

Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Ана Ололовска

Полицаец и полицајка повредени во сообраќајка во Росоман

А1он