Непречен сообраќај по суви коловози

Од:

На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово денеска  започнуваат интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.

Градот Скопје во соработка со Канцеларијата на ЕУ во Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, организираат денеска велосипедско дефиле под наслов „Чист воздух ти си на потег“. Дефилето ќе се одвива по улиците во Скопје од плоштадот Пела до бината Школка во Градскиот парк. За време на дефилето од 11 до 12 часот по рутата ќе биде забранет сообраќај на моторни возила.

Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до средина на оваа недела.

На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска