А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Непречен сообраќај по суви коловози

by А1он09/08/2013 - 08:36111
Share0

За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.

Добивај вести на вибер

Според информација од Министерството за транспорт и врски, ве известуваме дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08 секоја тековна година. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација (табли).

На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година. На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

patista

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:46

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска16/06/2023 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен