Неповолен ревизорски извешатај за работата на Министерството за европски прашања

Од:

Државен завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерство за европски прашања за 2024 година, при што е изразено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и мислење со резерва за усогласеност на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Од ДЗР поочуваат дека е извршена ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеност со закони и прописи на Секретаријатот за европски прашања за 2015 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Во ревизоркиот извештај е поочува дека проверката на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2015 година е спроведена во текот на 2017 година, кога е утврдено дека од дадените седум препораки спроведени се две препораки, две препорака се делумно спроведени, една препорака била во тек на спроведување и две препораки не се спроведени.

Ревизорите утврдиле дека вредноста на нематеријалните и материјалните средства, како и на градежните објекти прикажани во билансот на состојба на 31 декември 2024 година, не ја одразува реалната состојба на имотот на Министерството. Дополнително, пописот на средствата и изворите на средства не бил спроведен согласно законските и подзаконските прописи.

Во извештајот се наведува дека со договори на дело биле ангажирани лица за вршење на работи и задачи за работни места предвидени со актот за систематизација, а Министерството не преземало активности за годишно осигурување од пожар и природни непогоди, поплава, кражба на имотот. Констатирани се и слабости во постапките за јавни набавки.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Како дополнително прашање, ревизорите ја посочуваат состојбата со бифето во Министерството, кое било издадено од страна на Службата за општи и заеднички работи на закупец што вршел угостителски услуги и директно фактурирал кон Министерството, иако немал регулирани деловни односи со институцијата.

Во однос на внатрешните контроли во извештајот се посочува потребата од воведување сертифициран систем за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001 и потребата од донесување на нови процедури.

-Од страна на законскиот застапник на Министерството за европски прашања и одговорното лице за периодот предмет на ревизија, добиени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и утврдено е дека најголем дел претставуваат известувања за причините за утврдените состојби и преземени активности за нивно надминување. Две забелешки се прифатени, две се делумно прифатени, а дел од забелешките не се прифатени од причина што не се доставени нови докази за промена на утврдените состојби, се наведува во извештајот од ДЗР.

Би можело да ве интересира

Населението старее, нарушена е одржливоста на пензискиот фонд, оценува ДЗР

Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Колекторски систем работи без дозвола и трупа дологови

Катерина Ѓуровски

Ризик од опасни козметички производи и играчки на пазарот – листата на забранети супстанции не е ажурирана 16 години

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана