Непотребна паника за вулканот во Косел

Од:

Таканаречениот вулкан во селото Косел, за кој вчера се крена непотребна паника и го вознемири локалното население, е изумрен пред околу 15 милиони години. Вчерашниот чад, кој се појави на местото каде што некогаш се наоѓал вулканот, е реакција на отпадниот материјал кој се наоѓал таму.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека нема причина за загриженост и вознемиреност кај локалното население и дека се работи за сосема природна појава.

Нема никакна причина за загриженост, ниту за вознемиреност на населенито, не само во околината на Косел туку и во градот Охрид. Се работи за сосема природна појава која се случува припромена на временските прилики и која резултира за излегување на поголемо количество на водороден сулфур и јаглероден диоксид од пукнатините кај Вулканот. Нема никаква загрозеност ниту по здравјето на луѓето – истакна Бакрачески кој денеска го посети местото од каде вчера се подигнуваше чад.

Тој нагласи дека Локалната самоуправа уште вчера, откако некои медиуми ја објавија веста, ги информирала надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, а утрово и Факултетот за природноматематички науки, Институтот за хемија и Институтот за земјотресно инжињерство и барале се она што им е потребно за да можат да излезат со конкретна информација за состојбата со сулфетарата дувало во Косел.

Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување исто така потенцираше дека се работи за природна појава и дека појавата на чадот е од затрупувањето на дупките со грдежен шут.

Ние веднаш излеговме на терен. Кога дојдовме немаше многу чад. Собравме информации од жителите и врз основа на нивните кажувања може да констатираме дека се работи за природна активност.

Овде се работи за една раседна линија од каде постојано излегува сулфур водород и јагленороден диоксид. Најголем проблем е што на ова место годинина назад се одлегал градежен шут. Создаден е шут од околу 7 – 8 метри, а гасот мора да излегува. Претпоставуваме дека се затворени некои дупки од каде нормално излегувал гасот.

Најверојано гасот си има направено некоја нова дупка, и под притисок излегол, при што изгледало поексплозивно, од црн гас, и поголема количина.

Од институтот за земјотресно инжинерство не информираа дека немаат забележано никава сеизмолошка активност на ова подрачје. Еве се слуша и некое колокотење, но според некои истражувања правени изминативе години овде на длабочина од 100 метри има топла вода.  Нормално е гасот кога излегува низ вода колокоти – потенцираше Прескакулов.

koselOh

Дејан Пановски, од Билатералниот секретаријат истакна дека заложбите во минатото биле да се посвети поголемо внимание на вулканот кој би можел да стане туристичка атракција.

Нашите заложби години наназад беа на вулканот да се посвети поголемо внимание, не од аспект на некаква опасност, туку од аспект на дополнителни истражувања и испитувања, посебно од аспект што ваква природна реткост може да ја искористиме како туристичка атракција, затоа што да се има во својот регион една ваква поствулканска појава, а да не се искористи во туристички рамки, навистина е штета – нагласи Пановски.

Локалниот жител на Косел, Мите Мојсоски додаде дека кратерот на вулканот пред две години бил со градежен шут и дека тоа морало да избие.

Многу убаво го познавам и теренот и вукланот. Пред две години кратерот на вулканот беше со градежен шут и едноставно тој мораше да избие на друго место. Имаше голем притисок и водата ја тераше нагоре. Среќа сето тоа се затвори, но ете вчера ни се случи тоа што ни се случи – додаде Мојсоски.

Вчера, дел од медиумите објавија дека над селото Косел, на местото каде што се наоѓа вулканот се подига чад што предизвика паника кај населението во околината, а информациите предизвикаа страв и за некакво можно реактивирање на вулканот.

Инаку, вулканот во Косел, кој некои го нарекуваат Сулфатара, се наоѓа на само неколку километри од Охрид. На местото се наоѓаат неколку кратери од кои понекогаш избива гас со карактеристичен мирис на расипано јајце. Околу тоа место, на неколку стотини можат да се забележат купишта земја помешани со сулфур.

Ф.Ј.

 

 

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност