ВИДЕО: Неопходен координиран пристап против родово заснованото насилство

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска повика на координиран и искрен пристап на сите институции, сите министерства, во справување со родово заснованото насилство и за усвојување на потребните законски измени.

Во тоа, како што нагласи, координацијата меѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење.

– Да не заборавиме дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже не за насилстовто врз жените, рече Заев на настанот „По ратификацијата: што е следно по Истанбулската конвенција“.

Тој потсети дека веќе е формирано активно национално координативно тело против семејно насилство кое треба да прерасне и да се трансформира во национално координативно тело против родово засновано насилство.

– Со одлука на Владата ја формиравме интересорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите, рече Заев.

Додаде дека Владата е подготвена да работи на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Настанот е во организација на Канцеларијата на ОН во Република Македонијна по повод Меѓународниот ден на жените, а покрај Заев се обратија и министрите за здравство и труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски