Разрешен генералниот секретар на СДСМ Кирацовски и потпретседателите на партијата

Од:

Според партиски извори на вечерашниот централен одбор на СДСМ, разрешени се генералниот секретар, Александар Кирацовски и сите шест потпреседатели на партијата.

Неофицијално сите шест потпредседатели на СДСМ, Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски на денешниот Централен одбор на партијата си поднеле оставки, но на предлог на претседатетелот на партијата Зоран Заев.

Покрај оставките на потпретседателите на партијата, разрешен е и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Според париски извори на негово место ќе дојде министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој се очекува в понеделник да си поднесе оставка од министерската позиција.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард