Нема трет круг за Богданци

Од:

Управниот суд на вчерашната седница пресуди негативно по тужбата на СДСМ да има прегласување на избирачкото место 0373 наречено „Изворски“ во Богданци.

Претходно Државната Изборна комисија го отфрли приговорот за поништување на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за избор на градоначалник во општина Богданци за ова избирачко место, кое брои околу 900 гласачи, поднесен од СДСМ.

Со одговорот од овие две законски овластени тела за оценување на постапката на гласање по изборите во 2013 се исцрпува можноста за дополнителни правни интервенции, со што резултатите од гласањето за градоначалник во општина Богданци стануваат конечни, изјави денеска претседателката на Општинската изборна комисија, Соња Маџирова.

ОИК подготвува утре да го врачи Уверението за избор на градоначалник на Анастасија Олумчева – кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“, со што таа може да ја започне постапката во Централниот регистар на РМ за депонирање податоци на овластено лице и потпис и да стапи во извршувањето на новата функција.

Анастасија Олумчева победи во вториот круг од изборите за градоначалник на општината со освоени 3.044, наспроти кандидатот на „Сојузот за иднината“, д-р Зоран Прочков, кој освои 2.630 гласови. Тој во првиот круг водеше со 314 гласа и недостаток од 73 гласа за да извојува победа во цензус од 50 отсто од гласачкото тело што излегло на изборите.

Забележително остана од организаторите на изборната кампања од СДСМ и коалицијата дека во првиот изборен круг беа забележани и голем број неважечки ливчиња – вкупно 174. Каде се претопи предноста од 314 гласа и обезбедената нова предност на противкандидатот со нови 400 гласа не е тајна за богданчани, бидејќи две недели, меѓу двата изборни круга, се растураа јавни средства од сите видови за да се приклони гласачкото тело кон кандидатот на власта.

– Ова не се ниту фер, ниту демократски, ниту слободни избори – истакнуваат од изборниот штаб на коалицијата „За подобра иднина“ од Богданци, кои во првиот круг успееја да доминираат со освоени 6 мандати во Советот на општината, наспроти 5-те освоени места од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар