Нема притвор за осомничениот кој наводно го уништи оружјето со кое се убиени Панче и Вања

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.

Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор.

По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.

Со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбеди и судски наредби со кои беа извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.

Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.

Истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза и во рамките на која Јавното обвинителство го поткрепи обвинението со огромен број вербални и материјални докази за сторените дела.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна, институциите не одговорија на суштинските прашања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар

Катерина Ѓуровски

Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, осободителна пресуда за таткото на девојчето

Катерина Ѓуровски

Пресудата да убиствата на Вања и на Панче ќе биде објавена денеска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Манев кажа кој го уништил синиот ранец со пиштолот користен за убиствата на Вања и Панче