Нема пријавени Украинци кои бараат статус на бегалец кај нас, се прават подготовки за примање бегалци

Од:

Институциите во Македонија прават анализи дали и колку бегалци од Украина би можеле да бидат згрижени кај нас, но засега никој не побарал статус на бегалец, извести министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој очекува на утрешната сеница на Влада веќе да се утврдат расположливите капацитети за беглаци.

„Досега немаме на граница пријавено граѓани на Украина кои бараат статус на бегалец. Се разбира има влез на украински државјани како и претходно без некое зголемување на интензитетот. Ние побаравме од институциите, секоја во својот дел, да ги направи подготовките вклучувајќи го и Министерството за здравство. Тоа треба да направи посебен тим за проценка на капацитетите за нудење на здравствена помош на евентуално ранети и така натаму. Очекувам утре на седница на Влада да го имаме првиот извештај на институциите за да можеме понатаму да продолжиме со другите чекори и подготовки по однос на ова прашање“, рече министерот Османи.

Тој рече дека во Македонија од Украина се вратиле 20 Македонци и нивните семејства, а во активна евакуација се уште 43 наши државјани со семејствата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија