Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили

Од:

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета само материјална штета. Досега, како повредени се пријавени три лица кои се превезувале со автомобилите.

„Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата“, информираа од ЈСП.
Од ЈСП велат дека МВР работи на целосно расчистување на случајот.

„Апелираме на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети“, додаваат од ЈСП.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он