Нема потврда од Цирих за дефект на владиниот авион

Од:

„Во моментов, во Сојузната канцеларија за цивилна авијација (FOCA) немаме известување за инцидент или какви било дополнителни информации. Исто така, не знаеме дали станувало збор за вистинско принудно слетување или слетување поради безбедносни причини“, се вели во одговорот на FOCA на прашањето на агенцијата Мета дали имаат детали за принудното слетување на владиниот авион во Цирих и дали и кој му дал одобрување на авионот потоа да полета на сервисирање во Нирнберг.

ScreenshotB

Според експертите, оваа информација не мора да значи дека ништо не се случило со владиниот авион, туку само упатува на различното толкување на терминот „инцидент“.

Владината делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, која се враќала од Стразбур, вчера принудно слетала во Цирих.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски