Нема отворање на бугарски културен клуб во Пустец, ќе се чека регистрација

Од:

Во Пустец,  Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.

Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

– Поради одложена регистрација на  Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.

Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека  нема издадена дозвола за отворање на клубот.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.

Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации. 

– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.

За оваа најава, навремено  биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

„MEET Преспа”– фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

А1он

Панди Јани обвини за изборен инженеринг во општина Пустец, Колефски ги негира обвинувањата

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ