Нема официјална симулација на пратенички мaндати од ДИК

Од:

Во понеделник наутро, по завршените предвремени парламентарни избори во Македонија, Државната изборна комисија, се уште не излегла со симулација на пратенички места, со оглед на тесната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Имнео, ДИК рано изутрината на прес-конференција ги соопшти прелиминарните резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори по обработени 99,34 отсто од гласовите.

Утрово, според последната промена на податоците на веб страната на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 452.709 гласови, СДСМ и Коалицијата 436.469, ДУИ 86.812, Движење БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 и ДПА 31.017 гласови.

ДИК соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес. До ДИК до три часот изутрината, како што е соопштено, немало пристигнато никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар