Нема нови случаи на западнонилска треска, последните сомнителни случаи се негативни

Од:

Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни.

– Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, соопштува денеска Министерството за здравство.

Оттаму велат дека во координација со надлежните институции, внимателно се следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска