А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нема никаков проблем со регистарските таблици, ниту со закажување термини за патни исправи , тврди Спасовски

by А1он03/06/2021 - 14:10172
Share0

Регистарските таблички пристигнуваат во континуитет и граѓаните врз основа на потребите може да си бараат и да ги подигнуваат. Имавме проблем од аспект на јавните набавки, такви се законските прописи, но тој проблем е надминат и стигнуваат на дневна основа регистарски таблици, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во однос за закажувањето термин за лични карти и зошто не се закажува термин за лична карта по итна постапка, Спасовски рече дека не е невозможно да се закаже термин за лична карта и за патна исправа. Апелираше до граѓаните да бидат трпеливи во овој дел и потсети дека е изменет и Законот за патни исправи, со цел да им се овозможи на луѓето од дијаспората на кои им истекува патната исправа до 30 јуни и им се продолжува важноста на тие патни исправи до крајот на годината до 31 декември, само за да не се создаде некаков проблем…

– Ако се јавите и ви го дадат првиот термин во јули, тоа е можно да се закаже, нема никаква друга пречка, ниту во набавка на обрасци, ниту во спроведување активноста, едноставно сега најверојатно затоа што движењето малку повеќе се ослободи, доаѓаат нашите пред се од дијаспората во државата. Доаѓа до промена на личните карти, на патните исправи и се создава поголема бројка луѓе кои сакаат да извадат лични документи. За ова прашање е разговарано во вторникот на колегиум и дадени се одредени насоки, а во Скопје работат во две смени и најверојатно ќе работат и за време на викенди со цел да се дојде до поголема активност во тој дел, изјави министерот Спасовски по денешната работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

mvr

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Горан Наумовски05/11/2026 - 17:50

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски01/11/2026 - 16:1801/11/2026 - 16:19

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео