А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нема криза меѓу коалициските партнери, тврдат од Владата

by А1он24/01/2019 - 08:41124
Share0

Не постојат конфликти или судири во Владата како што пишуваат медиумите, тврдат од Владата, по различните изјави на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на Законот за јазиците и неговото испраќање на разгледување во Венецијанската комисија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на израз. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековна и немаме никакви проблеми, истакна вчера владиниот портпарол Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

Ниту вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска не гледа никакви дупки и проблеми во владината коалиција.

-Македонија нема зошто да се плаши ако различни партии имаат различен став како што и во партиите не е страшно кога различни луѓе имаат различен став, тоа е богатство, истакна министерката Шекеринска, одговарајќи на прашање дали постои коалициска криза на партиите на власт.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во однос на прашањето на двојазичност на униформите во АРМ, Шекеринска рече дека тоа прашање не е вградено во Законот за јазиците од причини кои се однесуваат на функционирање на Армијата и фактот дека униформите претпоставуваат униформност.

– Рековме дека оваа одредба ќе ја испратиме до Венецијанската комисија и очекуваме мислење и за Законот и за оваа конкретна можна потреба. Факт е дека Армијата е една од институциите која нуди најголема кохезија. Во делот на одбраната главната промена се однесува на можноста на граѓаните на Република Македонија кои обраќаат до Министерството за одбрана да можат да го користат и својот мајчин јазик, да добијат соодветен одговор. Не мислам дека тоа негативно ќе се одрази, а Армијата е посилна заради тоа што таа е репрезент на Македонија и заради тоа што ги имаме претставено сите етнички заедници, истакна Шекеринска.

На оваа тема вчера беше прашан и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истакна оти смета дека не е противуствно испраќањето на Законот во Венецијанската комисија.

-Постапката за утврдување на кој било законски проект во соодветната европска комисија не е во никаква спротивност со Уставот, рече Џафери и упати на Владата за поконкретни одговори бидејќи тоа не е во надлежност на Собранието туку е владина одговорност.

Изминатите денови вицепремиерот Бујар Османи истакна дека до Венецијанската комисија се испратени само делови од Законот, по што следуваше соопштение од Владата во кое информираше дека посочениот Закон во целост е доставен до оваа Комисија на разгледување.

Премиерот Зоран Заев, пак, побара ДУИ да не си ги препишува заслугите на законот, оти тој е на сите кои гласале за него.

vlada

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто