Нема да има данок за немажени и неженети, иницирав дебата, се извинувам, порача Мицкоски

Од:

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.

Но, според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме со тоа.

-Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина… Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти… природно е тоа, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Факт е, нагласи Мицкоски, дека имаме рецесија од 30 проценти на новородени бебиња во Македонија од 23 илјади во 2016 година, на 16 илјади во 2024 година. Бројот на новосклучени бракови, пак е намален за 17 проценти во три години, од нешто повеќе од 13 300 брака во 2021 година, на 11 100 во 2024 година.

-Јас ја сакам мојата држава, го сакам мојот народ и граѓаните и нема да биде одговорно ако тоа го премолчам. Се радувам на јавната дебата, ми пишуваат луѓе, треба со финансиска поддршка да излезе владата итн., Не е тоа решението, изјави Мицкоски.

Тој како пример ја посочи Јужна Кореја, една од најбогатите светски економии, со најнизок фертилитет во светот која има потрошено 270 милијарди долари во последните 15 години за да стигне стапка на фертилитет од 0,75 проценти.

-Не е до финансиите, до срцето и главата е. До желбата и до умот и затоа, треба од најмлади да работиме за децата и затоа инсистирам во читанката да биде поим за семејство јас, мама, тато, бато и дада. Мора, ако сакаме да опстоиме и како народ, и како нација и како држава тоа е иднината и мора да се бориме, порача Мицкоски.

Според Мицкоски, состојбата е иста и во Грција, Германија, Полска … и повика сите заедно да работиме за ова да не ни се случи.

Мицкоски, исто така, посочи дека на избори излегол со програма во која немало родител 1 и 2, туку татко и мајка и програма во која семејството било прво.

– Семејната парада, тоа е мојата гордост и тоа идинаната на мојата држава. Може некој ќе ми замери, тоа е тоа. Не можам на сите да им погодам, но ова е политиката што јас додека сум претсетдале на Владата ќе ја водам, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски и Мацут на средба во Скопје: Ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

А1он

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахитите на Халкидики

Филипче: Мицкоски не се заканувај, никој не ти се плаши

Предраг Петровиќ

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Предраг Петровиќ

Мицкоски: На овие избори да излеземе масовно и да гласаме за број 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за подобар живот и која е против ограбувањето на Македонија

Предраг Петровиќ