Нема бесплатно возење за полицијата во ЈСП

Од:

Патникот без билет во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје ќе може да го купи кај контролорот по цена од 200 денари за градските линии, односно за 300 денари ако се вози на некоја од приградските линии. Тоа е новина што ЈСП ја воведува за да ја подобри наплатата од јавниот превоз во нивните автобуси.

Директорот на ЈСП Мишо Николов на прес-конференција појасни дека доколку патникот не може да го плати билетот кога ќе биде затечен од контролата, ќе му се изготви сметка и записник за констатираната состојба на самото место со задолжение да го плати долгот за осум дена.

– Доколку патникот не ги уплати средствата во рок од осум дена, ЈСП врз основа на записникот и со доказите ќе поднесе барање за прекршочна постапка до Комисијата при Министерството за транспорт и врски. Комисијата може да го казни патникот доколку докажеме, а глобата ќе изнесува 50 евра, рече Николов.

Контролорите на ЈСП, кои добија и нови беџови, ќе имаат право да повикаат полиција за асистенција ако некој патник не сака да ги даде личните податоци.

Новата процедура за наплата во рок од осум дена се спроведува од понеделникот и за три дена контролорите затекле 46 патници без билет во автобусите на ЈСП.

Во одговор на новинарско прашање, Николов рече дека плаќањето билет важи за сите граѓани, вклучително и за припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии