Неколкумина повредени патници и натаму се борат за живот

Од:

Неколкумина од повредените во тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци и натаму се во критична состојба. Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените, во моментов се лекуваат 19 пациенти, од нив, 14 пациенти се стабилни и се во добра здравствена состојба, двајца се на респираторна машина и се во животозагрозувачка состојба, а тројца пациенти се нестабилни, во тешка здравствена состојба под опсервација и мониторинг, соопшти Министерството за здравство.

Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 6 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца се во стабилна здравствена состојба, додека пак другите двајца од нив се во критична состојба. Еден од пациентите се наоѓа на Клиниката за торакална хирургија и е во стабилна здравствена состојба, еден пациент од неврохирургија и една пациентка (трудницата) која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се исто така во стабилна здравствена состојба.

Во стабилна и во добра здравствената состојба е и пациентот кој се наоѓа во Клиничката болница во Тетово, додаваат од Министерството за здравство.

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со што бројот на жртви се искачи на 15.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево