Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

Од:

Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе гласаат против нивното потврдување. За усвојување на петте одлуки потребна е поддршка од најмалку 80 пратеници, што е невозможно без поддршка од дел од народните избраници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието вчера ја почна седницата на чиј дневен ред е потврдувањето на одлуките за прогласување вонредна состојба, но расправата по нив не почна бидејќи заседанието беше прекинато. Претседателот на Парламентот, Талат Џафери најави дека пратениците доолнително ќе бидат информирани за продолжението на седницата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски најави дека Пратеничката група на оваа партија ќе гласа против потврдувањето на петте одлуки, затоа што, според нив, тие не биле искористени за целта за која биле донесени, туку биле злоупотребени од Владата.

– Сметаме дека сите пет одлуки ја промашија целта ниту една од одлуките не беше искористена од Владата да му помогне на стопанството, а последиците од тоа се гледаат денес, ниедна одлука не беше за подобра состојба со пандемијата, бидејќи денес имаме најголема смртност во регионот и Европа, рече Милошоски.

Според него, партијата ја донела ваквата одлука од три причини – затоа што одлуките биле донесени „за подобро справување со пандемијата, а има многу полоша состојба“, затоа што „требало да биде основа за справување со економските последици, а има драстично влошување на економските состојби во државата со зголемена невработеност и затоа што претходните два основи Владата ги злоупотребила и „наместо да носи мерки кои би биле посветени на овие теми носеше уредби со законска сила злоупотребени за работи кои немаа врска со овие основи“.

Дополнително во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот Пендаровски и СДСМ ја злоупотребиле вонредната состојба „за поединци дебело да се нафатираат“.

– Наместо борба за здравјето на граѓаните, СДСМ се бореше за тендерите. Во ек на вонредна состојба, се доделија и половина милион евра пари за невладини, директно од влада, а се поделија во изборен период, наведува партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски