• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Неизвесно локализирањето на пожарот во Битолско

by А1он22/08/2013 - 18:48165
Share0

Пожарот што го зафати ридот над Црнобуки и Лисолај како последица на ветерот, попладнево се прошири кон Лопатица. Зафаќа речиси шест рида поради што е неизвесно неговото локализирање. Дел од шумата и пасиштата се веќе уништени.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Општина Битола, противпожарните единици интервенираат на теренот со сите расположливи средства. Поради конфигурацијата и непристапноста на теренот, ангажирани се и два хеликоптера на АРМ.

Покрај екипи на територијалната противпожарна единица од Битола, на терен се и работници од Кајмакчалан и доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Пегаз“.

– Се работи за борова шума која многу брзо гори, а ветерот дополнително ја комплицира состојбата. Моментно интервенираме со два хеликоптера кои ќе гаснат додека не се стемни, но многу лесно се прават нови жаришта, изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Според ситуацијата на терен, имотот и мештаните се максимално заштитени.

– Ќе направиме стратегија со Центарот за кризи, а за вечер е закажан состанок со Кризниот штаб. Рано наутро ќе пуштиме екипи на повеќе места, соопшти Талески.

Од противпожарната единица информираат дека нема опасност огнот да стигне до манастирот кој се наоѓа на ридот, зашто таму веќе има луѓе кои би го спречиле тоа.

pozar

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:22

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он24/01/2026 - 08:52

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он08/01/2026 - 16:4508/01/2026 - 17:56

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 17:3903/01/2026 - 17:43

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски30/12/2025 - 19:2630/12/2025 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен