Неизвесен стартот на новата учебна година за илјада ученици во Струга

Од:

За повеќе од 1000 ученици од струшките основни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Асим Агуши“ од селото Радолишта неизвесен е почетокот на новата учебна година која стартува во понеделник на 3 септември. Двете училишта се без струја, затоа што поради неплатени сметки се исклучени од системот за напојување со електрична енергија. „Јосип Броз Тито“ е едно од поголемите основни училишта во градот.

Со истиот проблем до неодамна се соочуваше и најголемото училиште во Струга, „Браќа Миладиновци“. Една од двете згради беше без струја исто така поради неплатени сметки, но како што информираат од секторот за образование во локалната самоуправа со ЕВН Македонија било договорено заостанатиот долг да се плати на рати. Сите училишта во Струга, за неплатените сметки за огрев, превоз и нафта должат повеќе од половина милион евра, а на дел од училиштата им се блокирани и жиро сметките.

Големи суми на пари за нафта им должиме на добавувачите. Поради тоа тие преку суд ги земаат парите од сметките на училиштата. Поради тоа неколку основни училишта се со блокирани жиро-сметки, а во неколку други има и исклучување од струја. Ако немаме струја, ако немаме пари за превоз на учениците, ако немаме греење потешкотиите за добар почеток на новата учебна година ќе бидат евидентни“ вели Џеми Хајредини, раководител на секторот за образование во општина Струга.

Хајредини вели дека причина за ваквата состојба биле намалените блок дотации од Министерството за образование и дека за тоа биле известени ЗЕЛС и Министерството. Министерот за образование Панче Кралев при последната посета во Охрид рече дека одговорноста за доцнењето на почетокот на новата учебна година ќе падне на општините, на директорите на училиштата и на градоначалниците.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска