Неготинскиот градоначалник го прими младиот каратист Алек Ѓорѓиев

Од:

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков денеска го прими во својот кабинет младиот и талентиран каратист Алек Ѓорѓиев, кој на последниот меѓународен натпревар во традиционално карате во Грција, постигна одлучни резултати во исклучително силна конуренција. Во категоријата „борби“ освои златен, а во категоријата „кати“ сребрен медал.

– Младиот надежен каратист беше во придружба на својот родител Ристе и тренерот на карате клубот „Антигона 2“ од Неготино, Ристо Сакалиев. Тие го информираа градоначалникот за условите во кои работи клубот кој постои од 1993 година, за остварените резултати на натпреварувањата на кои учествуваат, како и плановите за иднина, со посебен акцент на учеството на престојното Европско првенство во традиционално карате, што ќе се одржи во Белград, изјави портпаролот во неготинската локална самоуправа, Методи Митрев.

Градоначалникот истакнал дека во рамките на расположливите финансиски можности на општина Неготино, ќе бидат помогнати активностите на неготинските каратисти.

– Делков потенцираше дека за наредната година се планира поголема ставка во општинскиот буџет за финансирање на спортот и спортските активности, а ќе биде донесен и правилник за наградување на спортистите од општината кои ќе освојуваат први, втори и трети места на државни и меѓународни натпреварувања, додаде Митрев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

А1он