Неготино без струја, 300 деца не одат во градинка

Од:

Поради прекин на електричната енергија во Неготино, денеска 300 деца не може да бидат згрижени и воспитувани во градинките.

– Работите не зависат од нас. Според нашите сознанија цело Неготино нема струја. Информациите кои ги имаме говорат дека станува збор за голем дефект. Бидејќи целиот град нема електрична енергија и родителите ќе се вратат од работа, бидејќи без струја нема да можат да функционираат и останатите субјекти во градот, рече директорката на градинките Весна Нацева.

Додаде дека дури и да одлучат да ги згрижат децата во вакви услови, сигурно би реагирале родителите зашто нема да сакаат нивните деца да бидат тука на студено. – Се јавувавме да добиеме информација што е проблемот и до кога градот ќе нема струја, но и од ЕВН засега не можат да кажат, рече Нацева.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата