Неготинец со автомобил се забил во заштитната ограда кај Смоквица

Од:

С.Н. (63) од Неготино, со неговиот автомобил марка Хјундаи се забил во заштитната ограда на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во близина на клучката за селото Смоквица, објави Неготино инфо. 

Во незгодата најтешко повреден бил сопатникот К.Ѓ., кој со возило на Брзата помош е хоспитализиран во болницата во Гевгелија.

До несреќата дошло поради неприспособена брзина на условите на патот и непочитување на патната сигнализација, по што автомобилот кој го управувал неготинецот, кој со сопругата Д.Н. (58) и со пријателите С.Ѓ. (54 ) и К. Ѓ. (57), сите од Неготино, се враќале од викенд дома, удрил во заштитниот браник, кој се забил во автомобилот од неговата десна страна и го пробил моторот сè до предните седишта на возилото.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он