Неексплодирано убојно средство пронајдено во кумановската населба „Карпош“

Од:

Неексплодирано убојно средство пронашол жител во кумановската населба „Карпош“ вчера и случајот го пријавил во Регионалниот центар за управување со кризи, информираа денеска оттаму.

За случајот биле информирани стручни екипи од СВР Куманово и од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово. Пиротехничарите на Дирекцијата го отстраниле средството кое сега е сместено во магацин за таа намена.

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека деновиве се пронајдени и неексплодирани убојни средства во Крива Паланка, кои исто така се обезбедени и сместени во магацин. Средствата ќе бидат уништени на соодветна локација.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он