Недостасува еден патник од автобусот кој изгоре, го нема ниту меѓу повредените, ниту меѓу загинатите

Од:

Во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви, соопштија бугарските истражни органи. Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица. За нив, останува нејасно, каде е уште едниот патник кој бил регистриран дека е во автобусот. Според заменикот на главниот бугарски обвинител, се претпоставува дека еден патник одлучил да патува со друг автобус на „Беса транс“, коj исто така бил на турата во Турција.

„Сите настрадани, според лекарите, се во добра состојба, но во тешка психичка состојба. Бев со главниот обвинител на Македонија на местото на несреќата, ги видов телата. Тоа засекогаш ќе биде врежано во мојата меморија. Беше страшно. Кога ги посетив во болница, еден бараше да оди во тоалет, еден да зборува со мајка му, другиот го бараше синот, кој останал во автобусот. Најдовме 44 трупови, во болница се 7 лица. Имаме информација дека патувале 52 патници. Останува големата дилема, каде е осмото лице? Работиме по таа верзија. Можеби станува збор и за лоша меморија на сведоците“, кажа портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева.

Пред тешкиот инцидент, имало 20 минутна пауза на бензинска станица. Се претпоставува дека еден патник се качил во друг автобус, но тоа не е докажано. Поради тоа, се проверуваат и снимките од надзорните камери каде имало пауза на патниците. За кој патник станува збор, ќе се проверува откако македонските власти ќе направат проверка кои патници влегле во Македонија.

Би можело да ве интересира

Управителот на „Беса Транс“ ќе одговара за фалсификување извод од лиценца за меѓународен превоз на патници

Катерина Ѓуровски

Станков: Пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата

Катерина Ѓуровски

Во Софија приведен маж за недолични коментари на Фејсбук за автобуската несреќа

Катерина Ѓуровски

Нови детали: Сомнежот е дека човечка грешка е причина за несреќата, патниците биле испитани

Кристијан Ландов

Хоспитализираните во „Пирогов“ се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Главниот бугарски обвинител доаѓа во Скопје, лично ќе побара правна помош од Обвинителството

Катерина Ѓуровски