Неделна прослава во Струга по повод Денот на независноста на Албанија

Од:

Во Струга од утре до 29-ти ноември ќе се организира неделна програма по повод Денот на независноста на Албанија и Денот на албанското знаме.

Програмата ќе почне со свеченост во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, каде ќе биде прикажан и документарен филм посветен на 100-годишнината од независноста подготвен од страна на средношколците.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат свечена академија на која ќе се зборува за личностите од албанската историја, тетарски претстави и изложби, како и спортски натпревари. Припадниците на албанската заедница ќе се поклонат пред спомен-бистата на Мајка Тереза, ќе му оддадат почит на Нури Сојлиу, албански политичар и еден од потписниците на албанската Декларација за независност, на неговото вечно живеалиште во Струга, а ќе ја откријат и спомен-плочата на истакнатиот лекар и теолог Муртеза Струга.

Од општина Струга најавуваат дека од 26-ти до 29-ти овој месец освен во градот, собири и ноемвриски славења ќе има и во струшките села Радолишта, Велешта, Лабуништа и Делогожда.

Организатор на активностите е Општина Струга во соработка со невладините организации, културните и актерските заедници, основните и средните училишта, спортските клубови и граѓаните.

Би можело да ве интересира

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете