Неделата за безбедност во сообраќајот стартуваше од Гевгелија

Од:

Го сакам градот безбеден, е слоганот на кампањата со која од Гевгелија стартуваше неделата за безбедност во сообраќајот која Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја организира заедно со локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи преку полициската станица во Гевгелија.

Заедно со предучилишните установи, основните и средното училиште како и земјоделците од општина Гевгелија во текот на целата оваа недела ќе се организираат неколку манифестации за подобрување на безбедноста на сообраќајот.

– Унапредувањето на сообраќајното превентивно дејствување на локално ниво е една од приоритетните цели на РСБСП па затоа е иницирана и оваа акција која започнува од Гевгелија и ќе се одвива во седум општини во Македонија.Таа ќе биде насочена кон сите групи на учесници во сообраќајот со цел да ги едуцира и да ја подигне свеста кај нив за безбедно учество во сообраќајот, рече Томе Манчев,секретар на РСБСП.

Претседателот на Советот на општина Гевгелија,Ташко Дојчинов, истакна дека општината и Советот секогаш ги подржувале ваквите манифестации на централно и локално ниво.

– Ова ќе биде наша пракса и во наредниот период бидејќи се водиме од девизата подобро да се спречи одошто да се справуваме со последиците, истакна Дојчинов на отворањето на акцијата.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно