Не сум виновен и не планирам да бегам, рече началникот Душко Лазаров

Од:

Не сум виновен и не планирам да бегам, рече денеска во судот началникот Душко Лазаров кој е еден од осомничените за настаните во Собранието на 27-ми април.

Додаде дека доколку сакал да влијае врз сведоци ќе го направел тоа и дека неговиот работен однос е во мирување поради притворот.

Адвокатите на Лазаров посочија дека образложението за продолжување на притворот е паушално и биле сослушани сведоци додека тој е во притвор.

Тие бараат да се преиначи решението на кривичниот совет и наместо притвор, Лазаров да добие куќен притвор.

„Мора да прекине негативната пракса на автоматско продолжување на притворот“, порача одбраната.

Вишото обвинителство инсистира притвоторот да остане, со цел да се озбебеди присуство, за да не влијае врз сведоци и да прикрива докази.

Душко Лазаров, вечерта кога се случија крвавите настани во Собранието, бил во Оперативниот штаб.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски