Не се исклучува да продолжи протестот на наставниците, ако идната недела не се договори процентот на зголемување на платите

Од:

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по средбата со министерот за образование Јетон Шаќири рече дека нема прашање кое не може да се реши. Се преговарало за процентот за кој треба да се зголемат платите на наставниците и професорите. Не се кажа за колку отсто би се покачиле платите, а на прашање дали со 15 отсто зголемена плата, членството на СОНК би било задоволно, Неделков одговори: „Не можам да шпекулирам дали се задоволни или не“,

„За зголемување на платите имаше предлози како да се зголемат платите, во кој процент. Треба проверка во Министерство за финансии поради буџетот. И се разговараше методологија за зголемување на платите. Идната недела мора да завршиме. Дали штрајкот ќе биде активиран ќе зависи од резултатите на преговорите и препораките на посредувачот, помирувачот“, кажа Неделков.

Според него, треба многу поголемо зголемување, па додаде: „Во овој момент колку можеме толку правиме. Ако може некој друг синдикат, нека направи повеќе“.

„Имавме средба, исходот е тоа што преговаравме за сите прашања. Усогласивме ставови за колективните договори, за тоа што ќе има, но не се прецизирани само до крај. Треба да бидат потпишани во текот на септември. Има технички проблеми за да започне годината па да се реализира“, кажа Неделков за колективните договори.

Би можело да ве интересира

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците

СДСМ: Преку дијалог со СОНК до решенија и најголемо покачување од 15 отсто на платите во образованието