Не помина извештајот за работата на второстепената комисија за инспекциски нaдзор

Од:

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не го усвои извештајот за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски нaдзор и прекршочна постапка за 2017 година. Опозицијата преку пратениците Зоран Илиоски и Ана Лашкоска обвини за популизам и побара извештајот да не се усвојува без претставник на Државната комисија. На ова Александар Кирацовски од СДСМ рече дека нема потреба од таков претставник.

„Врз основа на кој член претставникот нема обврска да биде присутен на комисијата кога се разгледува извештајот? Досега немало ваква пракса. Не сакаме запирање на извештајот, туку сакаме одложување на разгледувањето. Некој треба да го брани извештајот”, рече пратеничката Ана Лашкоска.

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ тврди дека Државната комисија е незаконски разрешена бидејќи, според него, бројките на решени предмети покажуваат успешност во работата. На ова реагираше пратеничката од владејачкото мнозинство Анита Симевска-Димовска која смета дека не е успешно работењето, ако не се решени 25% од предметите.

„Оваа комисија не работела според роковите”, додаде Симовска-Димовска.

Иако пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше одложување на точката, предлогот не беше прифатен со 7 гласа против и 4 гласа за.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги