А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

by А1он21/08/2024 - 13:37933
Share0

Немаме намера да се занимаваме со „темни сценарија“, туку сакаме прогрес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за обвинувањата од поранешниот министер за економија Крешник Бектиш дека ДУИ биле прислушувани по налог на власта.

Добивај вести на вибер

Мицкоски изјави дека е несериозно е да коментира изјави на поединци, поранешни политичари и упати да се бара одговор од институциите.

– Одамна помина безредието овде кај нас во Македонија со формирањето на новата Влада. Политичарите кои ги злоупотребуваа институциите, замина во историјата, на темната страна на историјата. Оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има задача реформа, да ја врати надежта кај граѓаните. Немаме намера да се занимаваме со такви темни сценарија. Тие темни сценарија ги оставаме на оние кои спортуваа, играа фудбалчиња и баскетче во канцеларии, кои купуваа трговски центри, кои градеа империи на грбот на граѓаните, кои ги ограбуваа граѓаните, отвораа фабрики со марихуана, издаваа пасоши на белосветски криминалци и нарко дилери итн., нагласи Мицкоски по поставувањето камен-темелник за изградба на нов градски пазар во општина Неготино.

Премиерот порача дека сакаат да гледаат напред и сакаат прогрес.

– Нас не интересираат нови пазари, нови булевари, нови автопати, нови инвестиции, субвенции, повисоки пензии. Тоа е интересот на оваа Влада. Изјави на вакви политички маргиналци не би коментирал, потенцира Мицкоски.

kresnik bektesi

Би можело да ве интересира

Одбраната на Бектеши: Лиценците не се потпишани од него

Горан Наумовски10/12/2025 - 15:46

Судот го прифати предлогот на Обвинителствo – Крешник Бектеши оди во куќен притвор

А1он15/05/2025 - 19:22

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски29/04/2025 - 16:0729/04/2025 - 16:10

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Катерина Ѓуровски30/03/2025 - 14:25

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Горан Наумовски17/03/2025 - 18:59

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Горан Наумовски17/03/2025 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен