Заклучно со 30 јуни се обезбедени количините на електрична енергија, а ЕВН Хоум ќе распише тендер за наредниот период и доколку цената што ќе се понуди е иста или приближно иста како постојната, не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.
Бислимовски на прес-конференција информира дека РКЕ во наредниот период ќе работи на воведување „паметни“ броила за регистрирање на потрошената струја само во тековниот месец, како и на што поголемо информирање на потрошувачите за самоотчитување на броилата. Тој верува и дека до крајот на септември – октовмри ќе се воведе веб платформа од универзалниот снабдувач на која ќе може да пристапи секое домаќинство и секој корисник, за директно да си ги доставуваат податоците отчитани од нивните броила.
Се предвидува, како што нагласи Бислимовски, и на секоја сметка за струја јасно да е наведено дали фактурата е врз основа на отчитани или предвидени податоци.
-Ќе ја задолжиме Електродистрибуција да набави уште повеќе броила за да можеме за две до три години меѓу 70 и 80 проценти од потрошувачите во државата да имаат броила со далечинско отчитување. Она што го гледавме како опција, наместо тие 10 милиони евра кои ги кажа ЕВН да се потрошат за да се отчитува струјата еднаш месечно, да се искористат за набавка на „паметни“ броила, дополнително, покрај планираните средства за набавка на броила. „Паметните“ броила ќе овозможат да се регистрира состојбата само за тековниот месец, да нема периоди на отчитување, што е можно повеќе да се намали бројот на броила за кои ќе мора физички да се излезе на терен и тоа би придонело да нема речиси никакво влијание на цената зашто тие броила кои ќе ги набави Електродистрибуција се водат како нивни основни средства, а согалсно нашата методлогија тие основни средства ние ни ги прзнаваме, но повратот на капиталот изнесува само 6,2 отсто. На годишно ниво од овие дополнителни 10 милиони евра за набавка на нови мерни уреди влијанието на крајната цена би било 0,1 отсо, речиси никакво, истакна Бислимовски, одговорајќи на новинарски прашања.
Според него, за да се зголеми процентот на читање од 83 – 85 отсто на 95 отсто потребно е одредено зголемување на трошоците во дистрибуцијата од аспект на обезбедување луѓе и опрема за месечно отчитување на броилата.
-Ако се направи и одредена промена на билингот за која побаравме анализа, вијанието на крајната цена би било меѓу 4 и 5 проценти. Имајќи предвид дека согласно новиот Закон за енергетика ќе носиме и нови правила за снабдување со струја, сите овие работи ќе ги земеме предвид. Во наредниот период ќе побараме ЕВН Хоум што е можно повеќе да ги информира домаќинствата за самоотчитување за да нема проблеми во однос на отчитувањето на броилата. Ќе побараме од ЕВН во сметките што ќе ги доставува што е можно повеќе да ги запознае граѓаните со можноста за смоотчитување. Во наредниот период ќе работиме што е можно повеќе да го промовираме концпетот на самоотчитување, подвлече Бислимовски.
Во врска со новиот Закон за енергетика и можноста членови на управни и надзорни одбори на енергетски компании да може да се бираат за членови на РКЕ, Бислимовски изрази уверување дека нема да се доведеме во ситуација да има тргување со влијание.
-Она што можам да го кажам за себе и колегите, досега немало никаква можност за какво било влијание од страна на компаниите. Секогаш тоа зависи од самиот човек што ќе биде поставен на одередна фунција. Досега, најодговорно тврдам дека за ниту еден член на РКЕ, ниту за мене имало какво било тргување со влијание, рече Бислимовски.