Не добиле алкохол, па ги тепале келнерите и гостите и кршеле

Од:

Вистинско дивеење се случувало вчеравечер во ќебапчилница во Струмица, кога тројца жители на селото Баница почнале да кршат и да ги тепаат вработените и гостите, оти не им бил послужен алкохол, извести МВР.

Околу 19.45 часот вчера во ќебапчилницата „Чутура“ во Струмица, О.С.(29), Т.С.(29) и В.С.(46) сите од селото Баница, за кои полицијата вели дека биле во алкохолизирана состојба, откако не биле послужени со алкохол, со метални предмети и со тупаници ги нападнале вработените и гостите во објектот. Притоа на голем дел од тепаните им нанеле видливи повреди, но и оштетиле дел од инвентарот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поденесен соодветен поднесок, известува МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи