Не чувствувам апсолутно никаква одговорност и вина за трагедија во Кочани, вели Салиу

Од:

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чувствува апсолутно никаква одговорност и вина.

На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа што беше опфатен со истрагата како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека не чувствува апсолутно никаква одговорност.

-Апсолутно во тој поглед не чувствувам одговорност, верувам во нашата држава, верувам во системот, верувам во правосудните органи, правилно ќе ги согледаат и аргументите и сите, да кажам, посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација и сум доктор по политички и правни работи, сум бил и адвокат, сум работел и по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали имам јас вина или немам. Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина, рече Салиу.

Во однос на истрагата, рече дека е потребна во одредени случаеви.

– Се водам од општата правна иницијатива, општата пресумпција на невиност, се додека не се докаже дека некој е виновен, тој е невин, рече Салиу.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“