НДП во Куманово ја промовира изборната програма

Од:

Фатри Салиу и Елхам Адеми се кандидатите за градоначалници за општините Куманово и Липково од Националната демократска преродба (НДП). Оваа партија денеска ја промовираше и изборната програма и кандидатите за советници за општините Куманово и Липково.

– НДП на овие избори нуди квалитетни кадри и квалитетна програма. Искуствата што ги имам како градоначалник на Гостивар ќе се пренесат и во Куманово. Средствата што ги добив од странските фондови се употребени како извор за финансирање за инфраструктурни проекти и проекти за образованието, рече лидерот на НДП, Руфи Османи.

Toj се надева на гласовите на граѓаните од двете општини. – Ние претендираме да земеме гласови од сите граѓани, вели Османи.

На Куманово и на сите општини им недостигаат пари, вели лидерот на НДП и додава дека Македонија продолжува да функционира како што рече, како најцентрализирана држава.

– Владата, општината и граѓаните треба да функционираат како партнери во решевање на проблемите, рече Османи додавајќи дека е потребен економски развој.

Кандидатот за градоначалник Фатри Салиу вели дека програмата опфаќа решавање на повеќе инфраструктурни проекти и реновирање на училиштата, затоа што токму со квалитетно образование се градат темели за цврсто општество.

– Во програмата е предвидено и изградба на обиколница во Куманово која ќе го реши проблемот со сообраќајниот метеж, а воедно ќе го намали и проблемот со загадувањето, рече Салиу подвлекувајќи дека се залага за рамномерна распределба на проектите и средствата за сите делови од општината.

– Нашите приротите и платформа нудат понаков концепт кој се заснова на практични цели кои граѓаните може да ги видат и да имаат бенефит, рече Салиу.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски