НДП предлага техничка влада за излез од ќорсокакот

Од:

НДП ја афирмира идејата дека наспроти конкретната одговорност која паѓа врз актуелната власт ВМРО-ДУИ, треба да се постигне широк политички консензус во државава и да се создаде сеопфатна техничка влада за излегување од овој интеграциски и егзистенцијален ќорсокак – се вели во соопштението на НДП.

Таа влада ќе има обврска со новата грчка влада да постигне историски компромис за спорот околу името, за да потоа заедно со локалните организира и парламентарни избори во земјава, во март-април 2013 год. Доколку ДУИ е сериозна во своите евроатлански интеграциски политики, сега е моментот и практично да демонстрира реална институционална посветеност и на тој начин да даде свој придонес за надминување на овој историски предизвик за иднината на земјата, валат од НДП.

„Политиката во Македонија на чело со Никола Груевски, не сакаше или не знаеше да ја сфати пораката, поведена од наивните балкански начела на водење политика.Исходот на Самитот во Чикаго беше познат уште од првичната агенда и истиот им беше јасен на сите учесници, со исклучок на политичките актери во Македонија кои со дрскост не ги прифаќаа постојаните пораки дека компромисот околу спорот со името со Грција е неизбежен како предуслов за зачленување на државава во НАТО“, се вели во реакцијата од партијата на Руфи Османи.

Неприфаќањето на барањето на Македонија за членство во НАТО е последица на тврдоглавите политики кои Груевски ги водеше уште од 2006 година, откога ја води државава, почнувајќи од политиките на антиквизација и неговата упорност дека секој евентуален компромис кој би се постигнал, би требало да ја добие и согласноста од народот преку референдум, стои во соопштението на Националната демократска преродба.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски