НДП: Двомесечните маневри за Специјалниот обвинител не даваат надеж за целосна имплементација на договорот од Пржино

Од:

„Национална Демократска Преродба изјавува дека изборот на специјалниот обвинител е за поздравување, со надеж дека сето оваа не е нова игра, и на сметка на целата држава. Ако времето се гледа по утрово, тогаш досегашните маневри за избирање на специјалниот обвинител не оставаат простор за еден здрав почеток за изградба на правна држава када што владеењето на правото ќе биде над се.  Две месечните маневри за избор на специјалниот обвинител од страна на локалните актери е доволен аргумент за меѓународниот фактор за несериозноста на овие локални актери, и заради ова се бара директен надзор од страна на меѓународната заедница особено од САД во текот на целиот период.  Во спротивно, меневрите за спречување на работата на специјалниот обвинител нема да престанат.

НДП изјавува тека темпото на имплементација на договорот од Пржино не дава надеж дека ќе имаме целосна имплементација на договорот. Ако за избор на специјалниот обвинител беа потребни цели два месеца, тогаш за десетици други недоразбирања од договорот се потребни повеќе месеци за целосна имплементација на договот од Пржино. Ако политичките партии се искрени во нивните изјави за почитување на договорот, тогаш тоа треба да се направи на конструктивен начин и забрзнато темпо, во спротивно сето ова ќе биде фарса и игра со тешки и сериозни последици за земјата.

Национална Демократска Преродба бара нула толеранција од страна на меѓународната заедница за сите препреки за враќањето на владеењето на правото во земјата, и дека само на овој начин  може да се разговара за еден здрав почеток за изградба на една правна држава“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај