НДМ: Заев на празникот 8 септември да каже стоп за албанските барања кои одново и одново продолжуваат

Од:

„По повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев изјави дека Законот за употреба на јазиците е последното отворено прашање од рамковниот договор.

НДМ го потсетува Заев дека и неговито коалициски партнер Љубчо Георгиевски во 2001 како премиер доби ветување од странците-олеснувачи и тогашните албански претставници Арбен Џафери и Имер Имери дека со рамовниот договор се задоволени сите права на Албанците и тука завршуваат сите нивни барања.

Меѓутоа, Албанците одново и одново продолжуваат со нови провоцирачки барања, впрочем, и по најавениот закон за двојазичност, Али Ахмети повторно излезе со ново барање за употреба на албанскиот јазик и во надворешните односи.

Затоа, НДМ го повикува Зоран Заев да каже стоп и дека става печат на сите албански провоцирачки барања во иднина, дотолку повеќе што со капитулантскиот рамковен договор Албанците практично добија се, а Македонците изгубија многу.

Ја користиме приликата на народот да му го честитаме 8 – Септември – Денот на независноста. Нека денешниот голем празник не вразуми како Македонци дека е потребно национално обединување кое е најсилната брана против секаква внатрешна или надворешна закана. Силно обединети на македонски да покажеме дека трагичните македонски делби се проблем на минатото, и да погледнеме во иднината кон нашата заедничка цел-независна, унитарна и демократска Македонија“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска