НДМ: Заев да вети испитување и на масакрите на терористичката ОНА кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат

Од:

„Народно движење за Македонија изразува крајна вчудоневиденост од вчерашната најава на Заев при промовирањето на неговата програма дека ќе ги испитува само случаи како што се Дива Населба, Сопот, Бродец… а за кои се заинтересирани од ДУИ со оглед дека македонските Албанци немале верба во македонското правосудство.

Оттука. НДМ го повикува Зоран Заев да ја прошири и надгради својата програма со ветување дека ќе ги расчисти случаите за кои се заинтересирани и Македонците како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кој бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Дотолку повеќе, овие случаи и понатаму остануваат мистерија бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истарга за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја од страна на терористичката ОНА сега камуфлирана во политичката партија ДУИ.

НДМ повикува на одговорно однесување и силно го охрабрува Заев да вети дека ќе ги отвори и Карпалак, Вејце и Љуботенски пат како случаи кои се од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите туку и за Република Македонија, бидејќи, не можеме да гледаме напред во иднината доколку минатото и понатаму не прогонува и контроверзната загуба на македонските бранители останува неразјаснета“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска